Свет
2. December 2020 - 8:51

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари најпрво во домовите за стари лица.

„Поширок дел од населението се очекува да биде вакциниран помеѓу април и јуни“, рече Макрон.

Со 2,2 милиони заразени, Франција е петта земја во светот по бројот на случаи на коронавирус. Во оваа земја од вирусот починале повеќе од 52.000 луѓе.