Макрон: Шведска и Финска значително ќе придонесат за НАТО
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Шведска и Финска ќе дадат „значаен“ придонес во НАТО алијансата, соопштија од кабинетот на Макрон.
Во соопштението се вели дека Макрон и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на состанокот на самитот на НАТО ја истакнале „важноста да се испрати порака за единство и сила“ за време на руската инвазија на Украина.
Макрон го поздрави вчерашниот договор со Турција, кој ја укина нејзината блокада за приемот на Шведска и Финска во алијансата.
Лидерите разговараа за потребата да се најде начин да се дозволи извоз на украинско жито. Тие се согласија да продолжат да се координираат и да работат со ОН за постигнување услови за обезбедување на безбедноста на пристаништето Одеса и поморските конвои во Црното Море.
Одеса е главната порта за испорака на жито, а нејзината блокада од Русија го загрозува снабдувањето со храна.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата