Макрон: Македонија и Грција преземаат историска улога со посветеноста да го решат прашањето за името
Франција со внимание ги следи политичките процеси во регионот и во Македонија. Македонија и Грција преземаат историска улога со посветеноста во решавањето на прашањето за името. Решавањето на овој спор е позитивно и сериозно наследство за Македонија, рече францускиот претседател Емануел Макрон на вечерашната средба со премиерот Зоран Заев во Софија.
Макрон изрази честитки за реформите што ги презема Македонија. Воедно истакна дека Франција ќе ја поддржи нашата земја во позитивната динамика на спроведувањето на промените и во забрзување на прогресот.
Премиерот Заев информира дека Македонија продолжува со интензивните и сериозни реформи во правосудството, јавната администрација и медиумите и дека сите реформски проекти се спроведуваат во дијалог со опозицијата.
- Моите сограѓани имаат европска иднина и ние, Балканот и ЕУ се бориме за иста Европа. Ве уверуваме дека Македонија е успешна приказна на Балканот и заслужува вреднување соодветно на постигнатите резултати. Ги поддржуваме вашите заложби за покохезивна, функционална и поодржлива ЕУ. Лидерството на Франција е мотивација и пример и за Македонија и за регионот, рече Заев на средбата со Макрон.
Заев и Макрон се согласија дека е неопходно Западен Балкан да ги зајакнува врските со ЕУ за да се одржи европската перспектива на регионот.
Заев и Макрон утре ќе учествуваат во официјалната програма на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп