Македонија
16. November 2019 - 17:05

Макрон го објави предлогот, нуди седум степени напред - назад во преговорите за место во Брисел

Седум фази со различни поглавја да поминат државите кандидати од западен Балкан за да ги завршат преговорите со Европската унија пред да станат нејзини членки.

При тоа, процесот треба да биде реверзибилен што ќе значи дека без да се помине една фаза, нема да може да се почне друга, а долку има уназадување државата ќе треба да се врати назад во преговорите. Отворање на повеќе поглавја истовремено, како досега, нема да е возможно. Критериумите треба да бидат построги, а процесот на пристапување побавен.

Франција преку нонпејпер ја објави својата предлог методологија за преговори со Брисел. Во документот се вели дека Франција ја реафирмира поддршката за европска перспектива на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, но и дека е неопхдоно да се обновни пристапниот процесот.

Админситрацијата на Емануел Макрон очекува Советот на ЕУ да го утврди кончената предлог-методологија  што ќе го изготви Европската комисија до јануари 2020, пред да биде објавен следниот пакет за проширување.

Според нонпејперот, судството, човековите права, правдата, слободата и безбедноста се првите поглавја што треба да бидат отворени.

Владеењето на правото и фундаменталните права ќе останат клучен услов од моментот на отворањето на преговорите, како што е предвидено , во рамките на стратегијата на  „новиот пристап“ утврден во декември 2011 година и ќе остане така во сите делови во текот на целиот процес, се вели во францускиот документ.

Од земјите-кандидатки ќе се бара да ги прилагодат своите институционални и административни капацитети на потребата за ефикасно учество во различните политики, а проверката би се правела според одредени критериуми и индикатори што веќе постојат.

Во целиот процес треба да имаат и материјална продобивка и зголемена финансика поддршка. Франција предлага државите, покрај приспатните фондови, да добијат можност да користат и структурни фондови од ЕУ кои сега се достапни само по зачленувањето.

Според предлогот на Франција, Комисијата ќе го оценува и редовно ќе го следи напредокот постигнат од земјите кандидати, вклучително и нивната усогласеност со законодавството на веќе оценетите фази. Ќе се зајаклне и улогата на советот, а Франција бара еднаш годишно заеднички состанок да имаат советот и шефовите на земјите канидатки за членство.