Макрон бара од Либија да не ги држи мигрантите во притвор
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика либиските власти мигрантите во транзит повеќе да не ги испраќаат во центри за притвор, туку да им обезбедат безбедно сместување.
Тој исто така соопшти дека вчера биле нападнати просториите на Високиот комесаријат на ОН за бегалци во Либија, но не кажа детали за нападот.
Макрон се сретна со високиот комесар на ОН за бегалци Филип Гранди и генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, откако претходно во Париз министрите за надворешни и внатрешни работи на ЕУ разговараа за мигрантите кои во Европа доаѓаат од Либија.
Земјата стана главна транзитна рута за африканските мигранти и бегалци кои сакаат да стигнат до Европа преку Медитеранот.
Европската унија потроши стотици милиони евра за да ја опреми и обучи либиската крајбрежна стража и за да ги подобри условите во прифатните центри.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација