Македонија
21. November 2019 - 16:49

Макрадули: Казни за загадувачите нема поради нискобуџетните сензори за загаденост

4,2 милиони луѓе годишно умираат од аерозагадувањето предупредија од Светската банка. Најавија помош за владите од западен балкан кои ќе изнајдат конкретни решенија.

– Регионот Западен Балкан не е исклучок, заболувањата, смртноста од загадувањето на воздухот се на врвот на овие причински фактори. Оваа агенда е на врвот на приоритетите на СБ како и на владите во регионот, смета Марко Мантованели, директор на Светска банка за Македонија и Косово.

Надлежните министрите од Македонија и Косово сметаат дека со заеднички проекти можат полесно да дојдат до средства од светската банка во борбата со аерозагадувањето, но помош побараа и од приватните компании.  Инаку македонската влада издвојува 1,6 милиони за планот за чист воздух но уверуваат  дека средства се вложуваат и преку проекти на ресорни министерства.

Во меѓувреме во недостиг на податоци од мерните станици, казни за загадувачи нема. Координираната инспекциска акција која ја најави Владата резултирала со казни за лица кои палеле кабли и забрана за работа на фабрика од Кочани, се додека да постави филтри.  Заменикот за животвна средина тврди дека инспекторите се 24 часа на терен и до сега се извршиле  21 контрола.

„Не може да казниме некој ако нема податоци за тоа. Не постои земја што води политика врз база на ниско буџетни сензори. ..“, смета заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Макрадули иако соопшти дека за една сезона за огрев се трошат онолку дрвја колку што има на планината Водно, се уште незнае точно кога ќе бидат доделени субвенциите за инвертори. Се надева дека ќе успеат до крајот на годинава да ги елИминираат сите технички пречки поради кои до сега не успевале јавните повици.