Македонија
5. October 2018 - 9:24

Македонско - германски форум „Градиме мостови - политика и економија“

Во Скопје денеска ќе се одржи 2. Македонско - германски форум „Градиме мостови - политика и економија“ што го организираат Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за општествени истражувања - МК 91. 

Поздравно обраќање ќе има германскиот амбасадор Томас Герберих по што следува првата сесија - „25 години билатерални односи помеѓу Германија и Република Македонија”. Почесен гостин и говорник на сесијата ќе биде Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг.

На вториот панел ќе зборува министерот за економија Крешник Бектеши. Неговото обраќање е на тема „Трговија и економија - можности и предизвици“.

Се очекува обраќање да има и директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македедонија, Патрик Мартенс.