Македонија
13. March 2017 - 18:16

Македонско друштво „Илинден“-Тирана најостро ја осудува изјавата на Месила Дода

Македонското друштво „Илинден” - Тирана најостро ја осудува, како што посочува, антимакедонската изјава на Месила Дода, пратеничка од Партијата за правда, интеграција и единство во албанскиот Парламент, која во посета на Пешкопеја се закани со војна во Македонија.

 
Антимакедонски повици се не нецивилизиран повици и немат место на територијата на Европа. Ние мораме да работиме и да имаме храброст да изградиме искрени и пријателски односи меѓу Македонија и Албанија. Балканот мора да се одели од омразата и ксенофобија меѓу народите, се вели во реакцијата на Македонското друштво „Илинден”-Тирана.