Македонија
12. July 2021 - 15:07

Македонските возачи уриваат рекорди: Еден возел 320 км/ч, друг пијан со 3,87 промили

Македонските возачи ги уриваат црните рекорди бидејќи деновиве радарите на сообраќајната полиција на автопат регистрирале брзина од 320 километри на час, а рекордни 3,87 промили алкохол во крвта му биле измерени на друг возач, кој бил запрен од сообраќајната полиција во Скопје.

Ова дефинитивно е македонски рекорд во измерени промили на алкохол во крвта бидејќи според досегашните сознанија, најголемото количество алкохол во крвта кај учесник во сообраќајот измерено со дрегер изнесувало 3,83 промили.

Во Република Македонија не е дозволено повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта бидејќи првите пречки при управување на возилото се јавуваат на 0,8 промили алкохол, додека пак кај возачи почетници не постои никаква толеранција.