Loading Video...
Ракомет
11. October 2021 - 14:31

Македонските ракометраки загубија од Црна Гора, но покажаа дека имаме иднина

Иако настапи без двете најискусни ракометарки Сара Ристовска и Елена Георгиевска, подмладената женска ракометна репрезентација на Македонија остави оличен впечатот на дуелот против Црна Гора. 
 
На возвратниот меч од ЕХФ Купот нашите ракометарки беа поразени од Црногорките со еден гол разлика (31-30), но прикажаното на таренот влева надеж дека оваа селекција има светла иднина. 
 
Јанкуловска со осум голови беше најефикасна кај жолто-црвените, додека Миновска постигна пет, а Стојоковска и Јанеска придадоа по четири гола.
 
Натпреварите против Црногорките како и следните против Словенија, но и дуелите против актуелните европски шампионки Норвежанките, ќе бидат добра можност за избранички на Савсвски да стекнат поголемо искуство, а воедно репрезентацијата да се воигра за следното ЕП што догодина ќе биде органицирано токлму во овие три земји, Македонија, Црна Гора и Словенија.
 
Инаку во вториот натпревар од ЕХФ купот, Норвешка по втор пат ја совлада Словенија (26-21). Во март следната година, Македонија ќе одигра двомеч со Словенија, а во април и последните два меча против големиот фаворит, Норвешка.