Loading Video...
Ракомет
26. September 2019 - 16:56

Македонските ракометарки против Шведска го отвораат квалификацискиот циклус за ЕП 2020

Македонската женска ракометна репрезентација денеска ги започнува новиот циклус квалификации
 
Избраничките на селекторот Симе Симевски вечерва гостуваат во Никобинг со дуелот против Шведска го отвораат новиот квалификациски циклус за Европското првенство кое догодина ќе се одржи во Данска и Норвешка.
 
Со подмладен состав и многу ентузијазам нашите ракометарки ќе се обидат да остварат позитивен резултат во дуелот со Швеѓанките кои важат и за главни фаворитки за одвојување на првото место во петтата квалификациска група. 
 
А, во неа вчеравечер Чешка ја демолира Португалија со 31-20. 
 
Дуелот Шведска – Македонија започнува од 19 часот. 
 
Во овој (септемвриски) квалификациски круг, нашите ракометарки ќе одиграат уште еден натпревари. 
 
Веќе во сабота (29 септември) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе ги угостат ракометарките од Чешка, во дуелот кој ќе започне од 16 часот и 30 минути.