Ракомет
28. September 2017 - 10:01

Македонските ракометарки против Шведска ги почнуваат квалификациите за ЕП 2018

Македонската женска ракометна репрезентаија денес во Лунд, против Шведска ќе го одигра првиот меч од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2018 против.
 
Почетокот е закажан за 18 часот и 30 минути. Селекторот Симе Симовски за Шведска поведе 17 ракометарки:
 
голмани: Наташа Антиќ, Матеја Серафимова, Драгана Петковска;
бекови: Теодора Керамичиева, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Душица Ѓоргиевска, Елена
Ѓоргиевска, Маја Трпковска, Зорица Десподовска, Александра Боризовска, Андреа Белеска;
крила: Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска;
пикери: Ивана Гакидова, Марија Николиќ.
 
По завршувањето на средбата во Лунд, нашата репрезентација се враќа во Скопје каде продолжува со подготовките за втората средба од квалификациите, против Србија во Скопје на 1 октомври.
 
Покрај Македонија, Шведска и Србија, во квалификациската група за ЕП Франција 2018 се наоѓа и селекцијата на Фарски Острови.