Loading Video...
Ракомет
6. October 2021 - 14:29

Македонските ракометарки подготвени за двомечот со Црна Гора

Деновиве активна е и женската ракометна репрезентација на Македонија која утре ќе игра натпревар против соодветната селекција на Црна Гора. Во рамките на ЕХФ репрезентативната недела, нашата најдобра женска ракометна репрезентација ќе одигра двомеч со Црногорките во меч од ЕХФ Купот 

Со нов селектор и голем број на млади ракометарки, овие натпревари како и дуелите со Словенија во оваа конкуренција, по послужат за воигрување на репрезентацијата за следното ЕП што догодина ќе се одржува токму во овие три земји. 

Сепак најмногу се очекува од Елена Ѓорѓиевска една од најискусните во оваа македонска селекција. 

Периодот за подготовки е многу краток, не можам да очекувам премногу од селекцијата. Неколку од поискусните кои сме тука, ќе помогнеме на сите млади ракометарки да се вклопат во нашиот систем и да ни помогне и нам. Секоја поддршка е важна. Има многу новитети, нов селектор, нови правила и систем. Во наредниот дуел се надевам ќе покажеме барем карактер и со срце на терен, чекор по чекор да се склопат работите како што треба“, изјави Ѓорѓиевска.

Македонските ракометарки првиот натпревар против Црногорките ќе го игра утревечер во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:15 часот, а како што објавија од РФМ, влезот во арената ќе биде слободен, разбирливо во согласност со Ковид протоколите.

Вториот меч со истиот ривал е закажан за во недела на гостински терен.