-->
-->
Македонските ракометари со три порази ги завршија настапите на Европското првенство
-->
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Дебрецин загуби од фаворитот Данска со 21:31. За избраниците на селекторот Кирил Лазаров ова беше трет пораз на исто толку натпревари во А-групата од Европското првенство во Унгарија и Словачка.
По добриот старт и водството од 4:0 (7. минута), македонските репрезентативци се потешко го наоѓаа патот до гостинскиот гол, а Данците ги преземаа работите во свои раце и на паузата заминаа со водство 15:11.
Во вториот дел квалитетот на противникот дојде до израз и на крајот победата на Данска беше изразена со две цифри.
Најефикасен во македонскиот состав вечерва беше Жарко Пешевски со шест голови.
Данска како првопласирана со максимални три победи оди во следната фаза, исто како и второпласираната Црна Гора (две победи и еден пораз), Словенија е трета со една победа и два пораза, додека македонската селекција е последна без ниту еден освоен бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација