Ракомет
16. јуни 2019 - 19:52

Македонските ракометари со победа над Грција ги завршија квалификациите за ЕП

Македонските ракометари со победа над Грција ги завршија квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи следната година. Во натпреварот од последно 6.коло на третата група, одигран во Струмица, репрезентацијата на Македонија ја победи Грција со 27-23 полувреме 13-11. 
 
Откако лошо го отворивме мечот и на противникот му дозволивме во еден момент да води и со 3 гола разлика, македонските ракометари конечно во 26-минута за прв пат го презедоа водството поведувајќи со 11-10. Првиот дел црвено-жолтите го завршија со два гола позитива 13-11.
 
Во вториот дел, избраниците на Брестовац, одиграа далеку по квалитетно, па на крајот славеа победа со четири гола разлика 27-23. 
 
Капитенот Кирил Лазаров, како и Филип Талески и Жарко Пешевски постигнаа по пет гола за нашата репрезентација, во која одличен настап имаше и голманот Митревски со 13 одбрани. 
 
Со оваа победа Македонија со 9 бодови го осигура првото место во групата три, пред Исланд со 8, кој пак попладнево беше подобар од Турција со 32-22. 
 
Освојувањето на првата позиција ќе и донесе на нашата селекција подобра позиција пред ждрепката закажана за 28 јуни во Виена