Loading Video...
Ракомет
8. April 2019 - 16:46

Македонските ракометари се собраа за дуелите против Исланд

 
 
Без Манасков и Георѓиевски , македонската ракометна репрезентација попладнево го имаше првиот собир за претстојните евро-квалифификациски натпревар против Исланд 
 
Првиот квалификациски ќе се игра во среда на гости во Рејкјавик, додека возвратниот е во недела во Скопје 
 
„Не сме во полн состав, повеќе ќе се посветиме на видео-анализи затоа што немаме многу време. Манасков ќе се приклучи во Рејкјавик, а авионот на Георѓевски доцни, но се надевам дека вечерва ќе го имаме на тренинг. На  Исланд ќее бидеме комплетни. Повеќе ќе работиме на тактички детали и ќе се посветам на она што го игравме на СП и ќе се обидам да уфрлам нешто ново, колку што е можно тоа. Се што може да се корегира и да се поправи ќе оставиме за пред вториот натпревар во Скопје“, истакна новиот селектор Данило Брестовац.
 
Селекцијата на Исланд е еден од најчестите противници на македонските ракометари, а за последен пат овие две селекции играа во јануари на СП кога Исланѓаните победија со 24-22. 
 
„Тоа е противник со кој одлично се познаваме и тешко дека нешто може да скриеме едни од други. Ние на секој натпревар одиме на што подобар резултат и на победа. Групата во која се наоѓаме и несреќниот пораз од Грција малку ни ги наруши плановите околу подмладувањето и одморањето на некои важни играчи. Како што знаете првите две места водат на ЕП, плус четири третопласирани селекции. Ако бидеме сериозни и максимално ангажирани за сите натпревари мислам дека воопшто не е доведено во прашање нашиот настап на ова големо натпреварување. Се надевам дека и со една победа против Исланд ќе си го обезбедиме пласманот и некого ќе одмориме во јуни. Се надевам барем на една победа во овој двомеч иако малку сме лимитирани со време и со услови за подготовки.“дополни Брестовац. 
 
Првиот натпревар против во Рејкјавик ќе се игра веќе во среда (10 април од 20:45 часот). Инаку Исланд е лидер во нашата група со две победи во исто толку одиграни средби, додека Македонија има еден триумф и еден пораз.