Loading Video...
Ракомет
13. јуни 2018 - 19:15

Македонските ракометари повторно на Светско првенство

Македонските ракометари иако поразени од Романија сепак се пласираа на завршницата на СП 2019 во Германија и Данска 
 
Македонија загуби од Романија со 25-26 полувреме 11-12, во реванш дуелот од баражот за пласман на Мундијалот, но благодарение на победата со 8 гола разлика (32-24) на првата средба во Скопје, Македонија е селекцијата која ќе игра на Светското првенство.
 
Нашите ракометари добро го отворија мечот и во 10.минута во два наврати имаа три гола предност (4-1 и  5-2). 
 
Предноста ја одржуваа се 16-минута кога водеа со 7-6, по што следуваше серија на домаќинот од 5-1 за водство на Романците од највисоки три гола 11-8 во 22.минута. 
 
До крајот на полувремето ние постигнавме три, а противникот еден гол, па на одмор Македонија замина со гол негатива 11-12.
 
И во вториот дел, исклучок два наврати кога беше нерешено, Романците постојано имаа предност, па на крајот сосема заслужено забележаа победа. 
 
Дејан Манасков со 7 и Кирил Лазаров со 6 постигнати гола беа најефикасните ракометари во нашиот национален тим, кој без разлика на поразот, сепак на крајот можеше да се радува на пласманот на СП.
 
За Македонија ова ќе биде седмо учество на Мундијалите, а шесто во низа.  
За оваа генерација на ракометари предводена од капитенот Кирил Лазаров, шампионатот во Германија и Данска ќе биде и последната шанса да се оствари сонот, односно настап на Олимписките игри.