Loading Video...
Ракомет
9. јуни 2018 - 15:54

Македонските ракометари подготвени за баражот против Романија

Македонската ракометна репрезентација подготвено го очекува бараж двомечот против Романија, преку кој ќе се брка континуитет во настапите на големите натпреварувања, во случајов Светското првенство. 
 
Преку Романците, нашите најдобри ракометари ќе се обидат да обезбедат уште еден настап во низа на завршницата на Светските првенства. 
 
Иако противникот, впо последните неколку години не може да се пофали со добри резултати, сепак, ни случајно нашите ракометари не размислуваат во двомечот со Романија да влезат опуштено. Напротив, на двата дуели ќе мора да се одигра максимално ангажирано, доколку се посакува да се оствари целта, пласман на Мундијалот. 
 
Искусниот чувар на мрежата Борко Ристовски,предупредува дека и во двата меча „црвено-жолтите“ ќе ги очекува тежок испит. 
 
„Романија не е наивна репрезентација како што се мисли. Има неколку играчи кои настапуваат во квалитетни клубови и цела сезона ја играат на високо европско ниво. Затоа, ќе повторам, не очекуваат тешки натпревари во кои ќе мора да влеземе максимално ангажирани“, изјави Ристовски. 
 
Селекторот Раул Гонзалес денеска би требало да реши со кои 16-мина ќе истрчаат утре од 20 часот и 30 минути, на теренот во „Борис Трајковски“ каде ќе се игра првиот меч, додека реванш дуелот закажан е за во среда.