Спорт плус
17. September 2016 - 22:59

Македонските одбојкари загубија од Естонија

Македонската одбојкарска репрезентација е поразена и во третиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2017. „Црвено-жолтите“ денес загубија од Естонија и со три порази го завршуваат турнирот во Романија.

Македонија го доби првиот сет со 28:26, потоа следуваа два сета за Естонците 25:22 и 25:23, нашите одбојкари изедначија на 2-2 по 27:25 во четвртиот сет, а во решавачкиот петти беше 15:11 за противникот.

Во вториот натпревар од групата Ф одигран денеска во Крајова, Чешка го победи домаќинот Романија со 3-0 во сетови.

Табела: Чешка 9 бодови, Естонија 5, Романија 3, Македонија 1.

Следниот турнир со игра од 23 до 25.септември во Јаблонец, Чешка.