Спорт плус
10. July 2015 - 21:55

Македонските одбојкари немоќни против Естонија

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз на гости кај Естонија го почна годинашново издание од Европската лига. Естонија постигна победа од 3:0 во сетови.
По сетови натпреварот беше: 25:9; 25:19 и 25:18 (75:46 на поени), дуелот траеше 79 минути.
Во првиот сет домаќинот Естонија доминираше и нашиот тим освои само девет поени. Во вториот и третиот сет нашите одбојкари беа за нијанса подобри, но далеку од шанса да бидат поконкурентни.
Двете репрезентации утре ќе одиграат уште еден натпревар повторно во Парну со почеток во 19 часот.