-->
-->
Македонските мотоциклисти во поход на Кејп Норт
-->
Македонски мотоциклисти рано утрово тргнаа со своите мотори да ја освојата најсеверната точка во Европа – Кејп норт. Станува збор за мотоциклисти од најстариот македонски моторџики клуб „Вардар“, за кој освојувањето на Кејп норт е исто како што за планинарите е искачувањето на Монт Еверест.
„Сакаме да ја освоиме најсеверната точка во Европа, а потоа ќе извозиме уште 2300 километри, малку на југ, за да стасаме на светското Фим рели, кое годинава се одржува во Шведска“, рекоа пред тргнувањето мотоциклистите од мото-клубот „Вардар“.
Тие објснуваат дека Фим релито секоја година се одржува на различно место во светот и дека предизвикот е голем за да се освои добар пласман таму.
„Тројца моторџии одиме на ова рели и еден совозач. Се надеваме дека ќе успееме. Релито трае четири дена, па се враќаме дома. На релито се бориме за пласман, а се бодува така што се гледа со каков мотоцикл се доаѓа, колкава километража е помината, и тука очекуваме поени зошто доаѓаме од подалеку, плус се гледа колку возачи сме“, велат од мото-клубот „Вардар“.
Мото клубот „Вардар“ е најстар моторџиски клуб кај нас. Се оформиле во 1978 година, а за догодина најавија прослава и јубилеј по повод 40 години од постоењето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците