Loading Video...
Кошарка
14. September 2018 - 12:36

Македонските кошаркари славеа победа на гостувањето кај Косово

 
Со победа на гости во Приштина, македонската кошаркарска репрезентација го започна вториот круг од предквалификациите за ЕП 2021 година.
 
Во првиот меч од Б групата одигран во Приштина, македонските кошаркари слава победа со 73:76 против Косово со што избраниците на селекторот  Јорданчо Давитков му се реваншираа на овој противник за минатогодишниот пораз во мундијалските квалификации 
 
Црвено-жолтите одличо го отворија мечот па на самиот почеток имаа предност од 12:2 и највисоки 19:6. Но, сепак во продолжението наместо да продолжиме со нашата игра му дозволивме на противникот на ја намали негативата на 34-29
 
Во третиот период домаќините дури и поведоа (41:39), на што нашите кошаркари брзо возвратија со серија за нова предност од осум поени разлика. 
 
И кога сите очекуваа дека лесно ќе го приведеме мечот до самиот крај, домаќините со неколку брзи поени стигнаа и до шанса да се изборат за израмнување. 
 
Сепак нивниот најдобар играч Дардан Бериша кој реализира 32 поени, 7 секунди пред крајот, реализира две од трите слободни фрлања, за на спротивната страна нашиот капитен Војдан Стојановски ги погоди двете и да го постави конечниот резултат Македонија – Косово 79-76.
 
Во нашата селекција двајца кошаркари остварија дабл-дабл ефект. Бојан Трајковски постигна 17 поени, а имаше и 11 скока, додека Ричард Хендрикс на 10 поени придодаде 12 скока. Двоцифрен број на поени имаа и Дамјан Стојановски постигна 15 и Стојан Ѓуровски еден помалку (14).
 
Црвено-жолтите нема да имаат многу време за одбор бидејќи веќе во недела, ја пречекуваат селекцијата на Романија против која ќе играат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18 часот и 15 минути.