Спорт плус
17. јуни 2022 - 18:39

Македонските клубови со 68 медали од Интернационалниот куп првенство Трофеј на градот Белград

Македонските клубови со 68 медали од Интернационалниот куп првенство Трофеј на градот Белград.

Најуспешен клуб од сите клубови е прогласен КБК Шампион и освои пехар.

Исто така Македонија Кик Бокс Маи Таи федерација прими пехар за најтрофејна земја на првенството.

1. КБК Шампион - 7 злата, 2 сребра, 3 бронзи.

Освои пехар за најуспешен клуб и варадинова за најдобар борец на татами.

2. КНК Тим Зоран- 1 сребро, 4 бронзи

3. КБК Гладијатор фајт Штип- 1 сребро, 2 бронзи

4. КБК АС Делчево- 1 сребро, 1 бронза

5. КБК Гладијатор Неготино- 4 злата, 1 сребро, 1 бронза

6. КБК Работнички Адора- 2 злата, 1 сребро. 1 бронза

7. КБК Будо Велес- 1 сребро, 1 бронза

8. КБК Комбат Радовиш- 1 бронза

9. КБК Про Кик Фемили- 1 злато, 1 сребро, 1 бронза

10. КБК Гладијатор Скопје- 2 злата, 5 сребра, 1 бронза.

11. КБК Титан Про- 1 злато, 1 сребро, 1 бронза.

12. КБК Предатор Куманово- 1 сребро

13. КБК Лидер Виница- 1 сребро

14. КБК Максам Тим- 2 злата, 1 сребро, 2 бронзи

15. КБК Енердзи Битола- 1 злато, 4 сребра, 2 бронзи.

16. КБК Кавадарци- 1 злато, 2 бронзи

17. КБК Куманово 2006- 1 сребро

18. КБК Патриот Паланка- 1 сребро.

Претседателот Дејан Митровски Урко доби плакета за посебен допринос и промоција во Кик Боксот.

И даде коментар дека сите клубови одлично се бореа и меѓусебно се подржуваа и навиваа секој за секого, ова е братска и сестринска федерација која меѓусебно и низ околината шири една позитивна енергија, меѓусебно подржување, почитуванје и спортско хумано однесување.

Ние сме голема федерација и за одржување на наше државно првенство ни е потребна голема сала, бидејќи немавме услови да го одржиме второто државно првенство бидејќи немаше термини слободни изминативе викенди во големите сали во нашата земја ова Интернационално првенство добро ни дојде за да ги видиме нашите борци до каде се спремни и стекнат нови поголеми искуства.

Горе доле веќе ги имаме испланирано борците кои ќе бидат во составот на нашата репрезентација во оваа година на престојните светско јуниорското и европското сениорско првенство.

Јас сум презадоволен од успехот на сите наши клубови и тренери.