Спорт плус
24. July 2021 - 12:40

Македонскиот стрелец Борјан Бранковски со највисок пласман за Македонија на Олимписки игри од нејзиното осамостојување

На натпреварот во кој учествуваа најквалитетните натпреварувачи одбрани од целиот свет најмладиот помеѓу нив Borjan Brankovski за прв пат на Олимписките игри во дисциплината воздушен пиштол 60 се бореше рамо до рамо рамноправно со најсилните земји во светот и го оствари за него највисокиот резултат 573 кругови (серии: 94 93 98 95 96 97) со пласман на високо 21-во место кој воедно е личен и Државен рекорд остварен на најсилниот натпревар на земјината топка Олимписките игри и само 5 кругови помалку за влез во финале и борба за медал.

Највисок пласман во текот на натпреварот му беше 17-то место но местата помеѓу најквалитетните стрелци се менуваа со секоја испукана дијабола и нијанси го одредуваа пласманот. Борјан со овој резултат како релативно млад спортист со 24 години докажа дека има потенцијал и квалитет за уште поуспешни понатамошни натпревари на кои се надеваме дека за кратко време ќе донесе и медал за Македонија. Овој пласман на 21-во место за еден спортски стрелец е највисок пласман за Македонија на Олимписки игри од нејзиното осамостојување. Благодарност за досегашната поддршка од Македонски олимписки комитет, Агенција за млади и спорт и секако до Македонската Спортска Стрелачка Федерација.

Овој успех е исто така заедничка круна и признание за успешното работење на новото раководство во Стрелачката Федерација кое продолжува да прави позитивни промени за развој на спортистите во спортското стрелштво. Благодарност и до сите останати пријатели спонзори и поддржувачи кои не бодреа во текот на припремите и за време на Олимписките игри!” – Јордан Тасевски