Џет-Сет
24. October 2018 - 18:54

Македонскиот пејач стана татко по втор пат, Дуња си доби братче

Македонскиот фолк-пејач Марјан Коцев во понеделникот го доби своето второ дете, синот Данило.

Тој и неговата сопруга Билјана веќе ја имаат ќерката Дуња, а Данило е нивното второ дете.

Гордиот татко објави прва фотографија од бебето, под која напиша „Дуња си доби батче, Данило, а ние со мама Билјана Коцев си добивме уште едно ангелче. Фала мама!!!“ Погледнете колку е прекрасен малиот Данило:

Марјан во јули годинава одбележа осум години брак со сопругата Билјана, а по тој повод објави нивна заедничка фотографија од свадбената прослава и и порача дека таа и ќеркичката Дуња се неговото “СЕ” во животот.

“Дуња и Билјана се моја најголема поддршка. Со сопругата случајно се запознавме на една свадба кај наш заеднички пријател и веднаш знаев дека таа е вистинската за мене. Сакаме уште деца, но се во свое време”, коментира кавадарчанецот, кој иако долги години живее во Скопје, вели дека Тиквешјата му недостасува и секогаш кога има слободно време ја посетува родната грутка каде што ужива во дружбата со роднините и пријателите.