Македонски железници одбележува 144 години од основањето
Македонски железници бележи подобрување на обемот на работа, за 30 проценти е зголемен товарниот железнички превоз, а со зголемено темпо функционира и патничкиот сообраќај, по двонеделната блокада од страна на вработените во февруари годинава, изјави за МИА Игор Коруноски, в.д. директор на МЖ Транспорт.

По повод Денот на железничарите - 9 Април и 144 години од основањето на МЖ денеска железничкото претпријатие организираше прием за коминтентите, како и традиционални спортски игри за вработените.
Коруноски најави дека во текот на неделава вработените ќе го добијат вториот дел од платата за февруари, а целосно се исплатени надоместоците за поминат километар на машинскиот персонал.
- Во функција се и новите возови, кои веќе сообраќаат и на последната непокриена линијата со нив, Скопје-Гевгелија. Почнати се активности за дизјан и производство на новите четири електролокомотиви, кои треба да се набават од кинеска CSSR и треба да стасаат до крајот на годината. Во полна пареа се работи на обнова на депото за одржување и сервис на железничките возила во МЖ Транспорт, информира Коруноски.
Во февруари годинава во МЖ пристигна последниот од шесте нови патнички возови набавени од CSSR. Претходно возниот парк беше обновен и со 150 товарни вагони. Од 1312 товарни вагони во инвентарскиот парк на МЖ Транспорт моментно се работи со 600.
Вкупно во МЖ Транспорт, во МЖ инфраструктура и Колска Велес, кои ги сочинуваат Македонски железници, работат околу 3.000 лица.
На 9-ти април 1873 година од Солун во Велес пристигна првиот воз. Оттогаш 9-ти Април е прогласен за ден на македонските железничари.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
