Бизнис
20. August 2015 - 9:56

Македонски вина и ракии на пазарот на Емиратите

Македонските вина и ракии на Тиквеш, Камник и Стоби од денеска по прв пат, можат да се купат во Обединетите Арапски Емирати.

Ова е прв пласман на овие македонски производи воопшто на Блискиот Исток.

Во прво време ќе можат да се набават во продавницата на ЕуроБалкан - единствена која пласира прехранбени производи и пијалоци од балканските простори на територија на Емиратите. Се предвидува палетата пијалоци наскоро да биде достапна и во угостителските објекти - хотелите и рестораните низ земјата.