Спорт плус
9. July 2019 - 9:49

Македонски параглајдерист светски вицешампион

Со последните ажурирања на резултатите од Европскиот параглајдинг куп што се одржа во Урои, Романија, врвниот спортист Борјан Јованоски се искачи на второто место на светската ранг-листа во параглајдинг, дисциплина прецизно слетување.

– Македонскиот небесен стрелец погодува секој пат и тоа го донесе до светски успех. После ажурираните резултати од Европскиот куп кој се одржа во Романија, Урои, Борјан доби повисоко место  на светската ранг-листа. Воздухопловната федерација на Македонија се гордее со постигнатите резултати и успеси на македонскиот врвен спортист. Но патот до врвот не е лесен. Овој  млад човек е спремен да патува и по 2000 километри со комбе со неговиот тим за да и донесе успех на нашата држава.Тоа е навистина за почит. Во него гледаме пример за самодоверба и ентузијазам, се надеваме дека и останатите ќе го следат тој пример. Секој млад човек има потенцијал да стане врвен спортист, а ние за тоа се залагаме, изјави Биљана Еверетте, генерален секретар на Воздухопловна федерација на Република Северна Македонија.
 
Борјан Јовановски овој период тренира и се подготвува за Светско првенство во Вршац, Србија, во септември, каде што ќе учествува со членови на национална репрезентација во параглајдинг.