Loading Video...
Кошарка
26. јуни 2019 - 16:02

Македонски кошаркари остануваат на ставот: Да се почитуваат актите на федерацијата, потребно е време за резултати

 
 
Здружението на македонски кошаркари остануваат на ставот да се почитуваат актите на федерацијата донесени на собранието минатата година. 
 
Ова пред сè, се однесува на бројот на македонски, но и странски кошаркари кои настапуваат во нашите клубови. 
 
Неодамна клубовите излегоа со став дека треба да се промени правилото за бројот на македонски кошаркари, со кое е предвидено наместо два (како што тоа беше случај лани), од следната сезона во секое време на терен да има тројца Македонци, правило кое ќе важи до плејофот. 
 
Македонските кошаркари кои денеска присуствуваа на седница на нивното здружение, се едногласни - треба да се почитуваат актите, не треба да се носат избрзани решенија секоја сезона, за промени потребно е време. 
 
Тие ценат дека актуелното раководство на федерацијата предводено од претседателот Перо Антиќ и особено спортскиот директор Тодор Ѓечевски чиј впрочем актуелен предлог е имплементиран во актите на федерацијата, ќе останат на сила, и дека со подолготрајна примена и истото правило, во догледно време ќе има ефект, но пред се резултати.