-->
-->
Македонски камион се преврте на автопатот Ниш – Белград
-->
Камион со македонски регистарски ознаки се преврте изутрина во 08:30 часот на автопатот Ниш – Белград, кај Алексинац, поради што сообраќајот на патниот правец е во прекин, соопштија од Јавното претпријатие за патишта на Србија.
Според полицијата, возачот на камионот со прва помош е префрлен во Клиничкиот центар во Ниш, но не е позната неговата здравствена состојба, јави дописникот на МИА од Белград.
Засега не е познат идентитетот на возачот, ниту причината за сообраќајната незгода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот