Македонија
28. јуни 2022 - 10:03

Македонски и регионални музичари на Балкан Гала ‘22 со Камерниот оркестар на Битола

Скоро една деценија како Камерниот оркестар настапува со своите проекти низ Македонија на скоро сите фестивали, но и на најголемите фестивали низ целиот Балкан.

Балкан Гала е производ на природното созревање на најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола.

Самостојниот концерт Рок Симфонија  во Комбанк Дворана (Дом Синдиката) во 2019 година во Белград, во српските медиуми е окарактеризиран како еден од најдобрите рок концерти во последните неколку години. 

Публиката секоја година во се поголем број ги посетува настаните на КОБ, што во суштина е и причина за создавањето на Балкан Гала кој што полека прераснува  во традиционален настан што се одржува секоја година, кој што со секое издание ги проширува границите за артистите кои што гостуваат. 

Балкан Гала е  фестивал, со содржина и форма која што го привлекува вниманието на пошироката публика. Се надеваме на уште поуспешно издание оваа година, и  дека ќе бидат задоволени музичките апетити на сите присутни. 

Содржината и формата на фестивалот овозможуваат посетителите  да слушнат и видат поголем број на артисти во една вечер, односно две вечери колку што трае фестивалот. 

Оваа година стартуваме на 6ти Јули со Рок Симфонија со почеток од 20:30

На првата вечер, РОК СИМФОНИЈА ќе настапат реномирани имиња и артисти  како Ристо Вртев, Гиле(Електрични Оргазам), Ружица(Ареа), Пеце(Суперхикс)  и многу добро познатите и редовни гости на Рок Симфонијата на КОБ Михајло Трајковски – Сак и Жарко Јакимоски.
Покрај домашните и  балканските артисти на сцената на Балкан Гала на 6ти  ќе настапат и интернационални артисти по завршувањето на Рок Симфонија со почеток од 23:00часот, 
на наше огромно задоволство го имаме Британскиот Дј  Darren Emerson ( Екс фронтменот на легендарните "Underworld") и Goran Kan и Herzel од Македонија.

На втората вечер, ПОП СИМФОНИЈА ќе настапат домашни и странски артисти кои што домашната публика немала можност често да ги гледа на нашата сцена, а сега ќе може да ужива во нивните настапи заедно со Камерниот оркестар на сцената на Балкан Гала под диригентската палка на диригентот Владимир Димовски. Во ПОП Симфонија ќе имате можност да уживате во настапите Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски.