Македонија
9. September 2016 - 16:51

Македонски државјанин загина во Грција

Македонец загина во сообраќајна несреќа непосредно пред граничниот премин на грчко македонската граница. Несреќата се случила на автопатот Солун -  Гевгелија на само пет километри пред грчкиот граничен премин Евзони. 

Во несреќата животот го загубил 29 годишен македонски државјанин  кој управувал со возило Шкода суперб со скопски регистарски ознаки. Засега нема точни информации како дошло до несреќата,  но се претспоставува дека возачот најверојатно ја изгубил контролата над возилото и удрил во дрворедот покрај авпатот.  Според информацијата која беше пренесена од повеќе медиуми,   а кои се повикуваат на изјави од сведоци кои во кобниот момент се нашле на местото на настанот 29 годишниот скопјанец не бил сам, заедно со него во возилото биле и неговата сопруга која била бремена, едно деветгодишно дете и уште една повозрасна жена кои успеале  да ја преживеат несреќата. 

Увидот кој грчката полиција го извршила на местото на настанот траел неколку часа.