Македонија
18. November 2015 - 14:08

Македонски државјанин шверцувал 1,5 килограм злато

Царината изутрината откри 1,5 килограми злато скриено во специјално направаен бункер во автобус кој сообраќал на реалција Истанбул-Гостивар.

Како што информира Царинската управа на Република Македонија, мобилен царински тим за рутинска контрола на патниот правец Велес-Скопје сопрел автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Истанбул - Гостивар, а претходно влегол во државата од Грција преку граничниот премин Богородица.

Заради немање соодветни услови за спроведување на детален преглед, автобусот со царинска придружба е насочен во царинската испостава Скопје 4 каде е извршено детално пребарување при што, под компресорот за клима уредот, во држачот е откриен специјално изработен бункер за криумчарење стока од каде се извадени 28 опаковки со 104 златни алки со вкупна тежина од околу 1,5 кг.

Македонски државјанин кој во автобусот вршел должност на стјуард изјавил дека златото е негово.

Случајот е предаден на Одделението за истраги кои во моментов вршат распит.

Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.