Македонија
2. August 2018 - 11:39

Македонски државјанин киднапиран и убиен во Авганистан

Македонски државјанин е киднапиран и убиен во главниот град на Авганистан, Кабул. Тој е убиен заедно со уште двајца странци кои работеле за меѓународна компанија за храна во Кабул.

- Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени, а ги пронајдовме нивните тела", изјави денеска портпаролот на началникот на на полицијата во Кабул Хашмат Станекаи.

Портпаролот прецизира дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо.

Авганистански претставник соопшти дека нивните лични карти биле пронајдени покрај нивните тела и оти сега бараат потврда од фирмата за која работеле.