-->
-->
Македонски државјани „гарант” за косовски граѓани во обидите од Драч да заминат за Италија
-->
Македонски државјани зачестија како „гарант” за косовски граѓани во обидите илегално или со фалсификувани документи преку Драч да заминат за Италија, а потоа во некоја западно европска земја.
– Полицијата во Драч денеска информира дека уапсила двајца жители на Скопје, откако биле фатени од службите на граничната полиција како им помагаат на двајца државјани од Косово илегално да ја преминат границата. По завршувањето на дејствијата против четирите лица поведена е кривична постапка, јави Ора њуз.
Според полицијата, исто така денеска, во друг случај, 43-годишен маж од Скопје е фатен како со фалсификувани документи им помага на пет граѓани да ја преминат границата.
– Се чини дека пристаништето Драч се претвори во транзитна точка за косовските граѓани да одат во земјите на ЕУ. Полицијата секојдневно информира за апсења на државјани од Косово или од Северна Македонија кои се обидуваат илегално да заминат или даваат „помош за илегално преминување на границата“, наведува телевизијата.
Појавата е зачестена од средината на минатиот месец кога е зголемена фреквенцијата на патници, иселеници и туристи.
Само утрово преку пристаништето Драч влегле околу 4300 лица, додека во неделата нивниот број се искачи на 10 илјади, главно иселеници од Албанија, како и од Северна Македонија и Косово, кои летните одмори ги минуваат во родниот крај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово