Бизнис
22. February 2019 - 19:42

Македонската железница изолирана- за две децении преполовен бројот на линии

Сè помалку возови сообраќаат од и до Скопје. Единствената меѓународна линија е до Приштина. Редуцирани се и меѓуградските линии. Поради ваквата состојба патувањето со воз е се помалку атрактивно за граѓаните. Велат дека македонската железница е далеку од таа во развиените европски држави.

Меѓународни линии има и до Белград и Солун, но достапни се само во летниот период. Според сегашниот возен ред, од Скопје дневно поаѓаат помалку од 20 возови, што е преполовена бројка за период од две децении. На пример, до Кочани и Кичево може да се патува само еднаш дневно, а до Гевгелија има три возови во текот на денот.

На веб страницата на компанијата пишува дека согласно уредбите на ЕУ МЖ Транспорт ќе се трансформираат во една современа транспортна организација. Но дали и кога би се случило тоа се обидовме да стапиме во контакт со

директорот на МЖ Транспорт, но не успеавме да го добиеме.

Во моментов компанијата има околу 1.300 вработени, а неодамна имаше оглас за нови вработувања. Во земјава имаме 700 км пруга, а возниот парк се состои од 11 дизел моторни возови и 4 електромоторни возови.

Инаку, МЖ Транспорт е најголемиот должник на државата.