Фудбал
19. November 2019 - 22:55

Македонската фудбалска репрезентација обезбеди најдобар пласман во еден квалификациски циклус

Со голот на Бобан Николов постигнат во финишот на првото полувреме, македонската фудбалска репрезентација вечерва го совлада Израел со 1:0.

Трите бода сосема заслужено останаа во Скопје, а триумфот на „црвено-жолтите“  можеше да биде поубедлив доколку на Националната арена „Тодор Проески“ беа искористени уште некои од десетината шанси.

Полска славеше со 3-2 против Словенија, па така ни овозможи историски пласман во квалификациите, трето место.