Македонија во жолта фаза, бесплатни прегледи и препораки за граѓаните
Македонија денеска влегува во жолта фаза поради што се очекуваат температури до 40-тиот степен и висок УВ индекс 9. Ваквото време, според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи, ќе продолжи и во следните денови.
Поради топлиот бран кој ја зафати државата, Министерството за здравство препорачува да се избегнува физичка активност од 11 до 17 часот, да не се излегува на сонце и да се употребува лесна храна и многу течности. Граѓаните треба да носат лесна облека, а постарите лица редовно да ја земаат својата терапија. Доколку пак се излегува на сонце, да се одмора под сенка или во некоја климатизирана просторија и со себе да се носи вода.
Во соработка со здравствените домови и со Црвениот крст ќе бидат поставени во 33 градови пунктови за бесплатни превентивни прегледи кои ќе се вршат секој ден од 18:30 до 21:30 часот. Ќе се мери крвен притисок и ќе се даваат совети за превенција од топлото време, но и за здрав начин на живот.
Во главниот град, Црвениот крст ќе дели флаширана вода и ќе им помага на беспомошните граѓани и на бездомниците.
Од Министерството за здравство предупредуваат дека поради високите температури можна е појава на разни заболувања поради што мора да се внимава на личната хигиена, добро да се мие овошјето и зеленчукот и да се одбегнува лесно расипливата храна...
Целта на пунктовите е превентивно да се делува, но и да се подигне личната свест и за самозаштита на граѓаните при високите температури.
Во изминатите три години на овие пунктови вкупно 34.952 граѓани се прегледани, од кои кај 25.561 е измерен крвен притисок и 1.361 граѓанин се упатени кај нивните матични лекари, додека 58 се детектирани како итни случаи.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер
-
ПП-Демократска Бугарија го доби мандатот за формирање влада и веднаш го врати нереализиран
-
Пожар на дел од куќа во Кавадарци
-
Еден отстранет и дисциплинска за петмина полицајци за инцидентот пред тетовската болница
-
Пронајдено двегодишно девојче кое исчезна во Сиднеј
-
Им дал 800 евра а за возврат му ветиле дијаманти, измамен кумановец во Скопје
-
Избоден маж на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот
-
Кочанчанец им се заканувал на полицајци преку Фејсбук