Loading Video...
Кошарка
1. December 2018 - 16:59

Македонија во полна сала во Гевгелија ќе го пречека Косово

Додека ширум светот се играат квалификациските натпревари за СП 2019, нашиот фокус утре ќе биде насочен кон пред-квалификациите за ЕП 2021. 
 
Македонските кошаркари утре ги очекува важен меч во предквалификациите за Европскиот шампионат 2021 година. 
 
Црвено-жолтите се во Гевгелија каде ги одработуваат мини подготовките за утрешниот меч против Косово, трет за нас во овој циклус од квалификации. 
 
Нашите репрезентативци ќе имаат голема поддршка од трибините,бидејќи како што информираат од Македонската кошаркарска федерација, сите 1.200 влезници колку што беа пуштени во продажба се распродадени, па салата „26 април“ во Гевгелија ќе биде исполнета до последно место. 
 
Победата, е императив за избраниците на селекторот Давитков, а со неа македонските кошаркари ќе го потврдат првото место во групата во која е и Романија која има една победа над Косово од пред три дена и пораз токму од нашата селекција. 
 
Почетокот на утрешниот натпревар меѓу Македонија и Косово е од 17 часот и 45минути.