Македонија
15. јуни 2019 - 16:24

,,Македонија вечна‘‘ замина во историјата

Старата реклама замина во архивите. Новиот слоган за туристичката понуда за нашата земја е е Северна Македонија вечна.  Промената е направена на  официјалниот сајт на државната агенција  за промоција на туризмот, токму онака како што бараше грчката опозиција. Од агенцијата велат дека  со вакавата промена ке се усогласат и текстовите, кои се уште го содржат стариот термин.

Пред неколку дена  Нова демократија се пожали дека Скопје  не го почитува преспанскиот договор и го користи старото име во привлекување на странските туристи.  Одогворт на македонската агенција беше декае процесот на целосно ребрендирање на туристичката понуда за нашата земја  е во тек, но дека за тоа е потребно време и процедури.