Македонија убедливо поразена од Австрија
Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа на националната арена „Тодор Проески“ беше убедливо поразена од Австрија со 1:4 (1:1) во квалификациски дуел за ЕП 2020.
Избраниците на Игор Ангеловски беа целосно надиграни од Австрија, која создаде многу повеќе шанси и го диктираше темпото на игра, а неколкуте интервенции на Столе Димитриевски придонесоа резултатот да не биде уште покатастрофален.
„Црвено-жолтите“ поведоа во 18-тата минута со автогол на Хинтерегер, а потоа се беше во знакот на гостинот. Изедначувањето дојде во 39-тата минута, кога Валентино Лазаро успеа да погоди со волеј по една нафрлена топка од Лаимер.
Во 62-та минута Бејтулаи направи пенал врз Сабитцер во шеснаесетникот, а Арнаутовиќ реализираше за пресврт (1:2). Напаѓачотна Вест Хем својот втор гол го постигна во 82-та минута, откако со глава пресретна топка на Сабитцер, а на пет минути до крајот Лаимер ги постави конечните 1:4.
Македонија по 4 кола има четири бода на табелата во Групата „Ц“ и моментално е на претпоследното петто место. Циклусот квалификации продолжува на 5 септември, со гостување кај Израел.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење