Фудбал
13. November 2019 - 15:12

Македонија (У19) одигра без голови со врсниците од БиХ

 
 
Младата македонската фудбалска репрезентација до 19 години одигра без победник и без постигнат гол 0-0 против врсниците од Босна и Херцеговина на отворањето на квалификацискиот турнир преку која се брка пласман во Елитна фаза квалификации за место на Европско првенство. 
 
Вториот натпревар од оваа 11-та група, Англија очекувано го победи Луксембург  со 4-0. 
 
Токму Англичаните кои важат за најголеми фаворити се следните противници на македонските таленти и тоа во сабота (16 ноември) на мечот кој ќе се игра на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток од 13 часот. 
 
Во истиот термин, три дена подоцна (19 ноември) Македонија ќе игра против Луксембург.