Loading Video...
Фудбал
19. November 2019 - 13:44

Македонија со победа над Израел брка 3-то место во квалификациите

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ќе го одигра последниот натпревар во0 квалификациите за ЕП 2020-та.  Последниот натпревар на Македонија во квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2020 година ќе се одигра вечерва. 
 
На арената „Тодор Проески“ во Скопје вечерва гостува Израел, селекција против која македонските фудбалери ќе атакуваат на победа, со која ќе стигнат  3.место на табелата, што ќе биде и најдобар пласман во еден квалификациски циклус за македонскиот фудбал. 
 
„Ова е последниот наш меч во овие квалификации и сакаме со победа да ги завршиме квалификациите и да се пласираме таму каде што никогаш досега не сме биле. Сакаме да бидеме трети. Игравме во овие квалификации во тешка група и само против Австрија потфрливме, додека на останатите мечеви одигравме добро. Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но решаваа нијанси. Не успеавме да стигнеме до тоа второ место за директен пласман на Европското првенство, па сега третото место би било добар резултат за нас во овие квалификации. Подготвен сум за дуелот со Израел, а дали ќе настапам зависи од селекторот“, вели капитенот Пандев. 
 
Пандев поради повреда го прескокна саботниот меч со Австрија, но затоа се очекува капитенот вечерва да биде во почетниот состав на Ангеловски, заедно со 
Илија Несторовски, Бобан Николов и Висар Муслиу кои ја „одлежаа“ суспензијата од еден меч.  Отсутни поради повреди се Аријан Адеми, Александар Трајковски, Марио Младеновски и Стефан Спировски.
 
За да стигнат до посакуваниот пласман нашите фудбалери ќе мора да го совладаат Израел, но и да се надеваат на победа на Полска во дуелот со Словенија.  
 
Дуелот  Македонија – Израел ќе започне од 20 часот и 45 минути термин во кој покрај Полска и Словенија ќе играат и Летонија и Австрија