-->
-->
Македонија против Естонија за злато во Европската лига
-->
Македонската одбојкарска репрезентација попландево од 17 часот против Естонија ќе игра во финалето на Европската лига. Двете репрезентации вчера извојуваа тешки победи од 3:2 во сетови. Македонија ја победи Австрија, а Естонија беше поуспешна од домаќинот на завршниот турнир Буагрија.
Пласманот во финалето на двете селекции е сосема заслужен бидејќи немаат ниту еден пораз во досегашниот тек од натпреварувањето оваа сезона. Македонија и Естонија постигнаа по седум победи (шест во групата и еден во полуфиналето). Минатата година на завршниот турнир во Полска во полуфиналето Македонија ја победи Естонија со 3:0, а претходно Естонците имаа две победи во групата. Естонија е еден од ривалите на нашата репрезентација и во квалификациите за Европското првенство што ќе се играат во септември годинава.
Во натпреварот за 3.место на завршниот турнир во Варна од 14 часот ќе играат Бугарија и Австрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата