Македонија
31. January 2017 - 17:04

Македонија најдобро рангирана во извештајот за здравствениот индекс од земјите во регионот

Македонското здравство повторно се најде меѓу 20-те во Европа. Зад нас се повеќе земји од регионот Србија, Грција, Бугарија, Црна Гора... како и члените на ЕУ Италија, Унгарија, Романија. Во последниот извештај на Европскиот здравствен потрошувачки индекс, земјава е високо рангирана во делот на достапноста на здравствените услуги, а “Мој Термин” и за 2016 година доби високи оценки. Од ЕХЦИ овој систем го препорачуваат да го имплементираат и други држави.

Македонија високо е рангирана и во делот за достапноста на терапија за пациентите со малигни заболувања.

Инаку според Европската комисија, ЕХЦИ се смета за најрелевантно рангирање на здравствените системи на стариот континент. И во најновиот извештај за Македонија  е наведено дека за една година,  во 2014 во здравството успеала да напредува дури  за 11 места од 27 на 16 во Европа.