Македонија
10. July 2020 - 12:40

Македонија лидер во регионот по бројот на нови случаи позитивни на Ковид-19

Македонија останува лидер во Европа според новодијагностицирани случаи на Ковид-19 на 1 милион жители. Со 80 новодијагностицирани случаи Македонија е пред БиХ каде вчера се пријавени 217 позитивни случаи или 66 на 1 милион жители.

Бугарија вчера регистрираше негативен рекорд со 330 нови случаи или 47 на 1 милион, а интензивно расте бројот на новодијагностицирани случаеви и во Србија каде статистиката вчера изброја 266 позитивни случаи или 30 на 1 жители.

Бугарија од денес воведува нови рестрикции, а во Србија иако се откажа полицискиот час сепак се воведуваат серија ограничувања во насока на намалување на контактите меѓу луѓето.

Во Македонија според последните анализи на Институтот за јавно здравје најлоша е состојбата во Ресен и Штип каде епидемиолозите пресметаа инциденца над 780 што е број на позитивни на милион жители, во Скопје оваа бројка изнесува  591, а главниот град очекувано во апсолутни бројки има најмногу позитивни случаи на Ковид-19.

Во моментов во болниците низ Македонија хоспитализирани се вкупно 412 пациенти од кои најмногу се во ГОБ „8 Септември“ односно 94, од кои 4 се на респиратор.

92 пациенти се лечат и на Инфективна клиника во Скопје, а во болницата во Козле има 5 деца и 20 возрасни пациенти.

Статистиката за последните 24 часа се очекува да биде објавена во текот на денот.