„Македонија и Македонците во Првата светска војна" - изложба во Воениот музеј во Виена
Во Воениот музеј на Австрија во Виена, кој е еден од најстарите и најпознати музеи во оваа земја, вчера беше отворена изложбата „Македонија и Македонците во Првата светска војна" што ја подготвија Воениот музеј и Државниот архив на Македонија.
Изложбата ја отвори амбасадорот на Република Македонија Василка Попоска-Треневска која во своето обраќање истакна дека изложбата е претставена пред австриската јавност на денот кога ги славиме македонските и сесловенски просветители, светите Кирил и Методиј кои, како што рече, своето епохално просветителско дело го започнаа токму во Македонија.
- Презентираните дела на изложбата се неми но силни сведоштва за ужасите и злосторот што се случија на тлото на Македонија во текот на Големата војна, истакна амбасадорката Попоска-Треневска.
Во своето обраќање заменик-директорот на Воениот музеј во Виена Кристов Хачек нагласи дека во текот на војната 213.000 Македонци биле насилно мобилизирани од завојуваните страни Србија, Бугарија и Грција, да се борат за туѓа кауза и интереси.
Директорот на Воениот музеј на Македонија Александар Стојчев рече дека на изложбата се прикажани седум воени и етнографски карти, 47 фотографии и 10 документи претставени на 24 паноа, кои се сведоштва за ужасите и разурнувањата на Македонскиот фронт.
Изложбата „Македонија и Македонците во Првата светска војна“ во Воениот музеј на Австрија ќе остане отворена до 16 јуни. Претходно оваа изложба беше поставена и во Стокхолм.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени