Македонија
22. March 2022 - 11:01

Македонија и Бугарија денеска ќе потпишат меморандуми за соработка

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и министерот за образование на Бугарија Николај Денков денеска во Софија ќе потпишат повеќе програми и меморандуми за соработка во областа на образованието и науката, туризмот, културата, младите и спортот.

На состанокот од македонска страна се и министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и на Агенцијата за млади и спорт, Марко Ѓоргиевски и Наумче Мојсовски.

Предвидено е потпишување на неколку билатерални документи, меѓу кои: Програма за соработка во областа на културата, Програма меѓу Владите за соработка во областа на образованието и науката, Меморандум за соработка во областа на младите и спортот, како и Меморандум меѓу националните агенции Еразмус плус и Европскиот корпус за солидарност.

Ова е трет состанок на Четвртата работна група за билатерална соработка меѓу Македонија и Бугарија, во чиј фокус се културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот.

 

Горан Симоновски