Loading Video...
Фудбал
10. јуни 2019 - 15:41

Македонија домаќин на Австрија во квалификациите за ЕП

Да се освојат нови бодови е основната цел на фудбалската репрезентација на Македонија во вечерашниот меч против Австрија во квалификациите за ЕП 2020. Несреќниот пораз од Полска е веќе минато за македонските фудбалери кои вечерва прес своите симпатизери ќе се обидат да освојат нови бодови во дуелот против Австријците. 
 
Селекторот Ангеловски нема да менува ништо околу начинот на игра, кој во изминатиот период носеше позитивни резултати. 
 
„Ние во континуитет играме добро, тоа не беше само со Полска, туку и со Словенија и Летонија. За жал тоа не ни донесе резултат, но се надевам дека со Австрија ќе дојдеме до бодови. Немам намера да отстапам од нашиот стил на игра и понатаму“, изјави селекторот Ангеловски.
 
Селак, поради суспензијата на Муслиу, селектор Ангеловски принудно ќе мора да направи промени во составот за вечерашниот меч, за кој под знак на прашање е и настапот на Елиф Елмас, додека Стефан Ристовски кој предвреме поради повреда го заврши мечот со Полска е подготвен вечерва да му се стави на располагање на Ангеловски. 
 
 
Дуелот Македонија – Австрија кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проевски“ ќе започне од 20 часот и 45 минути терми во кој ќе стартуваат и другите два меча од групата Г, во кои Полска го пречекува Израел, а Летонија е домаќин на Словенија.