Бизнис
13. November 2019 - 18:01

Македонија 2025: Неопходен е поголем економски раст за подобар стандард

Како македонските граѓани да имаат ист стандард  со оние од развиениот свет?  Растот од 3,7 отсто е добар, но не е доволен. За да  се подобри квалитетот на животот, мора да се испорачаат стапки од 5,6%, но мора да постои ментален склоп кај 2 те  политички партии,  за да го  поддржат тоа. Ова е пораката од дијаспората , чија  цел е  половината милион иселеници да и помогнат на земјава, да споделат искуства, да донесат нови технологии,  знаења,  иновации и инвестиции

- Инвестициите, иновациите, образованието, деловното опкружување, животната средина и корупцијата, се се области кои треба да се подобрат за поголем економски раст и за нив ќе се зборува на самитот, изјави Никица Мојсовски, извршен директор на Македонија 2025

Бизнисот бара и политичка стабилнист -  Владата мора да ги слушне и да ги консултира при носењето закони. Ако згреши, како што беше случајот со прогресивниот данок, добро е и треба да имаат храброст да го повлечат

За дијаспората е разочарувачки што Македонија не доби датум за преговори со Еу, но треба да ја поттикне власта да преземе реформи и да се справи со корупцијата. Очекуваат  влезот во НАТО да  донесе поголема стабилност  и повеќе  странски  инвестиции. Инаку на  Самитот Македонија 2025  учествуваат над 400 учесници од 60 тина земји,  каде ќе се бараат потенцијални партнери на македонските компании и евентуално освојување на нови пазари.